Храбра водителка: Деа Ѓурѓевиќ покажа како и изгледа раката после тешката сообраќајка – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/21 10:14 AM

Храбра водителка: Деа Ѓурѓевиќ покажа како и изгледа раката после тешката сообраќајка

Водителката од телевизија „Пинк“, Деа Ѓурѓевиќ помина низ тежок период кој го преброди со насмевка на лицето.

Да потсетиме, Деа пред точно две години имаше сообраќајна несреќа, кога лекарите мораа да се борат да и ја спасат раката со многу операции, но и нејзиниот живот.

За среќа, после толку напори, Ѓурѓевиќ успеа да се врати на малите екрани и продолжи со својот живот, но како што вели ја чекаат години со терапија, за се да се врати во нормала.

Деа била гостинка во „Национален дневник“ и покажа како сега изгледа нејзината рака, за која докторите рекле дека повредите се водат како „воени“.

„Немам време да размислувам за болката, еве ќе ви покажам, не е тоа ништо страшно. Успеав да ги движат прстите на левата рака, можам нешто да пренесам. Терапијата доста ми помогна. Не морам да ги молам луѓето за да се избањам, веќе го можам тоа сама,“ рекла Деа.

Деа имала дури три пати клиничка смрт, а овие работи и паднале најтешко за време на опоравувањето во болница.

„Доаѓам до вратата, на вратата огледало, а тогаш гледам дека немам половина коса, дека немам веѓи. Кога се видов целата со лузни, неможев да поверувам дека тоа сум јас. Тешко било кога умираш, слушаш, а неможеш ништо да кажеш. Тоа беа моменти кои беа пресвртни за мене. Јас тоа го замислив како борба, една по една, раскажала Деа.

Извор: espreso.co.rs

Фото: RTV Pink