Продолжуваат протестите против воениот удар во Мјанмар – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/21 9:21 AM

Продолжуваат протестите против воениот удар во Мјанмар

Во Мјанмар, трет ден, во различни делови на земјата продолжуваат протестите против притворањето на избраните владини службеници по извршениот воен удар, пренесува Агенција Анадолија (АА).

На видеата што ги сподели интернет-страницата „Myanmar Now“ се гледа како во главниот град Непидо, најнаселениот град Јангон и во градот Патеин илјадници луѓе извикуваат слогани против воениот удар.

Демонстрантите, чие мнозинство се будистички свештеници, работници и студенти, реагираа на воениот удар носејќи црвени знамиња кои ја претставуваат Националната лига за демократија (NLD), партијата на притворениот поранешен министер за надворешни работи и де факто лидер на земјата, Аунг Сан Су Чи.

Демонстрантите во Јангон ги извикуваа паролите „Ослободете ги нашите лидери“, „Правда за Мјанмар“ и „Не за воениот удар“.

Се забележува тоа што организаторите на протестите упатија повици преку Фејсбук и Твитер и покрај забраната за социјалните мрежи и телефонскиот пристап.

– Воен удар во Мјанмар

Тензиите во Мјанмар ескалираа поради тврдењата дека на изборите на 8 ноември 2020 година се направени манипулации. Генералштабот на 28 јануари ја повика Владата да ги разјасни обвинувањата за манипулација на изборите.

Армијата на Мјанмар ја презеде власта на 1 февруари и прогласи воена состојба во траење од една година. Беа притворени претседателот Вин Минт, челничката на земјата, Су Чу, и останатите водечки членови на владејачката партија Национална лига за демократија (НЛД).

Во следните денови, Армијата на Мјанмар изврши рација во партиските штабови на владејачката партија Национална лига за демократија (НЛД), запленувајќи компјутери и документи.

Началникот на Генералштабот, Мин Аунг Хлаинг, кој ја презеде администрацијата во земјата.