Пејачката Рада Манојловиќ наводно ќе се мажи за своето долгогодишно момче и колега Харис Берковиќ. Парот е во врска веќе шест години, а гласините за претстојната венчавка почнаа поради нејзиниот престој во Градачац, каде живее младиот пејач.
Неименуван извор тврди дека пејачката последните месеци редовно престојува со Берковиќ кај неговите родители, а Рада и Харис наводно веќе разговарале за венчавката со родителите и добиле поддршка.
Пејачката не се огласи по овој повод, но досега неколку пати истакна дека не брза да се омажи.
“Моите се среќни кога јас сум среќна, не ме замараат со некои формалности. Ако ме прашате, бебето е многу поважно од бракот”, изјавуваше пејачката порано.
Рада неодамна заврши на насловните страници поради „расправијата“ на Јелена Карлеуша со Ким Кардашијан – додека Јелена пишуваше дека ријалити ѕвездата ја копирала, пејачката сподели слики од комбинацијата што го запали Инстаграм и истакна дека таа ја носела прво .
Извор: mondo.rs
Фото: avaz.ba/expresstabloid.ba