Крава порасната во средна Англија е продадена за 299 илјади евра, што е рекорд за нејзината раса и двојно повеќе од досегашниот британски и европски рекорд.
Кравата крстена Пош Спајс по титулата која Викторија Бекам ја носеше во женскиот поп бенд Спајс Гирлс, е продадена во петокот.
The record breaking cow, named after a Spice Girl, was sold at auction in Carlisle.https://t.co/948JPJpadC
— BBC Radio Cumbria (@BBC_Cumbria) February 4, 2021
Нејзината мајка Милбрук Џинџерспајс, исто така крстена по една од спајсиците, го држеше досегашниот британски и европски рекорд поставен во 2014 година.
„Би-Би-Си“ ја пренесува изјавата на сопственичката Кристин Вилјамс која вели дека продажбата била како добивка на лотарија и дека конечната цена е неверојатна.
За продадената едногодишна крава вели дека е паметна и со стил, а високата цена ја припишува на одреден „фактор икс“ кој го поседува кравата.
извор, фото:BBC / BBC_Cumbria