Во штипската Клиничка болница од 450 вработени, над една третина се пријавиле веднаш да се вакцинираат против коронавирусот.
Според податоците кои ги имаат во Клиничка болница, на анкетите 126 вработени побарале веднаш да ја примат вакцината, додека останатиот перосонал се пријавил за во наредните фази.
Штипскиот ковид центар уште од почетокот на пандемијата ја бие битката со овој вирус и болнички ги третира тешките пациенти од целиот источен регион.
Според денешниот здравствен билтен во овој центар во болнички услови се лекуваат 36 пациенти, од кои 18 се на кислородна поддршка, а еден пациент од Кочани на возраст од 74 години почина. Слободни болнички кревети има за 24 пациенти.
МИА