Поради недостиг на пари, светот може да ја изгуби контролата над СИДА-та – ММС
ММС

Објавено на: 07/23/18 11:17 AM

Поради недостиг на пари, светот може да ја изгуби контролата над СИДА-та

Борбата против СИДА бара дополнителни милијарди долари или во спротивно  може повторно да се појави епидемија, предупредија експерти, пред почетокот на меѓународната конференција за таа болест.

– Ние ќе бидеме во неволја ако немаме повеќе пари, рече Марк Дибул, научник и американски дипломат на симпозиум во пресрет на Конференцијата што ќе се одржува од денеска до петок во Амстердам.

Дибул е поранешен шеф на Глобалната фондација за борба против СИДА-та.

– Според најлошото сценарио, недостатигот на пари може да се совпадне со ризикот од експлозија на нови инфекции поради големиот пораст на населението во некои од најтешко погодените земји, особено во Африка”, предупреди тој.

– Поврзете ги овие два елементи и завршувајте со ужасна криза, истакна Дибул, кој се плаши дека „светот ќе ја изгуби контролата врз епидемијата”.

Денес, 36,9 милиони луѓе ширум светот се заразени со вирусот ХИВ и се надеваат дека болеста нема да оди на СИДА.

Бројот на нови инфекции се намалува, а првпат од почетокот на векот, годишната стапка на смртност падна под милион во 2016 година (990.000) и 2017 (940.000).

Меѓутоа, УНАИДС, агенција на ОН за оваа болест, проценува дека се потребни седум милијарди долари годишно, така што СИДА до 2030 година повеќе нема да биде јавен здравствен проблем.

Научниците се особено загрижени за падот на американските донации за СИДА.

– Ако не преземеме драстични мерки, нема да бидеме блиску до целта што ја поставивме за 2030 година, рече Нуду Килонзо од Советот за контрола на болестите во Кенија.

 

Извор:МИА