КФМ ги прогласи најдобрите за 2020 година – ММС
ММС

Објавено на: 02/6/21 7:45 PM

КФМ ги прогласи најдобрите за 2020 година

Во Конференцискиот центар при СРЦ „Борис Трајковски” во Скопје се одржа изборот за најдобри клубови, тренери и натпреварувачи за 2020 година. За најдобри натпреварувачи во сениорска конкуренција во кумите беа прогласени Емил Павлов освојувач на златен медал на Премиер лигата во Салзбург 2020 година во машка конкуренција и Вероника Костовка во женска конкуренција. За најдобри натпреварувачи во сениорска конкуренција во кати беа прогласени Фери Исиќ во машка и Пулексенија Јованоска во женска конкуренција – соопштија попладнево од  Карате федерацијата на Македонија.

Во младинските категории за најдобри се прогласени:

Најуспешни сениори до 21 година:

Ката сениори до 21 година машки ГЕОРГИ БАНОВСКИ од КК „Гладијатор” – Велес;

Ката сениори до 21 година женски ТЕОДОРА ЦВЕТКОСКА од КК „Вардар” – Скопје;

Кумите сениори до 21 година машки РОБЕРТО АЦКОВСКИ  од КК „Макпетрол” – Скопје;

Кумите сениори до 21 година женски ВЕРОНА АЈДИНИ од КК „Форца” – Скопје;

 

Најуспешни јуниори;

Ката јуниори машки АЛЕКСАНДАР НЕДЕЛКОВСКИ од КК „Металург” – Скопје;

Ката јуниори женски ЈОВАНА МАНЧЕВСКА од КК „Фунакоши Гичин” – Скопје;

Кумите јуниори машки БОЈАН КОСТОВ од КК „Олимпик Спорт 2007″ – Скопје;

Кумите јуниори женски МАГДАЛЕНА БОЖИНОСКА од КК „Олимпик Спорт 2007″ – Скопје;

 

Најуспешни кадети:

Ката кадети машки ДАВИД СПАСОВСКИ од КК „Фунакоши Гичин” – Скопје;

Ката кадети женски МАРТИНА АРСОВСКА од КК „Гладијатор” – Велес;

Кумите кадети машки МАТЕЈ БЕЛИСТОЈАНОСКИ од КК „Спорт 94″ – Прилеп;

Кумите кадети женски АРТА БУШИ од КК „Кеикс” – Скопје.