Во Чиле во првите три дена од почетокот на вакцинацијата против коронавирусот, вакцинирани се 556 000 луѓе – соопшти денеска тамошното Министерство за здравство.
Владата и општините како места за вакцинација ги одредија стадионите, спортските центри и здравствените домови ширум целата земја, сакајќи да ја постигнат целта од пет милиони вакцинирани до крајот на март и 15 милиони до јули, од вкупно 18 милиони жители.
Медицинските работници во Чиле беа вакцинирани во декември, кога стигна првата тура од 154 000 дози од вакцината на Фајзер.
Извор: danas.rs