Директорот на американскиот Национален институт за алергии и инфективни болести и советник на претседателот на САД, имунологот Ентони Фаучи изјави дека во САД е можно да дојде до имунизација, но дека патувањата се’ уште не се безбедни.
До крајот на јануари 2021 година, според Институтот Џонс Хопкинс во САД се регистрирани повеќе од 26 милиони луѓе со коронавирус, а од почетокот на пандемијата до 5. февруари како последица на заразата починале над 456 000 луѓе. Д-р Фаучи во интервју за Гласот на Америка говори и за тоа дека вакцините против новите мутации на вирусот можеби нема да го имаат истото влијание, но и понатаму имаат значаен степен на заштита.
Во однос на постоењето на англискиот, јужноафриканскиот, британскиот и кинескиот сој на вирусот, Фаучи истакнува дека сите се САРС-КоВ-2.
Имаат мали разлики и пред се’ антителата не би реагирале ефикасно против нив. Знаеме дека варијантите на вирусот од Велика Британија и Јужноафриканската Република многу полесно се пренесуваат – објаснува Фаучи.
Тој вели дека вакцините на Фајзер и Модерна кои веќе се на пазарот, може да бидат ефикасни против новите соеви, но не целосно. Според докторот, кога се патувањата во прашање, нема сомнеж дека ризикот ќе биде помал за оние што се вакцинирани.
Морате да ги прашате луѓето колку се спремни да ризикуваат. Ние се уште велиме – ве молиме, доколку навистина не морате, не патувајте. Тоа се’ уште стои – додава тој.
Прашан дали ќе дојде време кога ќе се вратиме во нормала, вели дека на крај ќе се вратиме многу близу до нормалното.
Доколку дојдеме до имунизација на 70 до 85 проценти од популацијата, мислам дека ќе почнеме да се приближуваме кон едно значајно ниво што ќе може да го наречеме нормално. Можеби не 100 проценти, но секако без строги рестрикции, со какви што живееме денес – наведува Фаучи.
Тој истакна дека не постои каква било причина луѓето да бидат исплашени поради вакцините, бидејќи докажано е дека тие се многу сигурни.
Фото: Instagram / Dr. Anthony Fauci
Извор: nova.rs