Мислеа дека сум мртов: Потресна приказна за пријателството на Дино Мерлин и Весна Змијанац – ММС
ММС

Објавено на: 02/6/21 6:52 PM

Мислеа дека сум мртов: Потресна приказна за пријателството на Дино Мерлин и Весна Змијанац

Музичките ѕвезди Весна Змијанац и Дино Мерлин ја почнаа соработката во 1998 година кога го снимија познатиот хит „Кад замиришу јорговани“. Низ годините тие повеќе пати низ медиумите изјавуваа дека нивното пријателство трае веќе со децении. Соработката ја обновија десет години подоцна, повторно снимајќи дует познат како „Клупко“ а песната за кратко време го пронајде патот до срцата на обожавателите.

Малкумина се оние кои знаат дека Дино за Весна го врзува еден гест кој таа го направила за него, а за што тој денес е многу благодарен.

Имено, за време на војната во деведесеттите, за Дино се мислело дека е починат, но всушност животот го загубил друг човек кој го имал истото име, а кој бил сосед на семејството на пејачот. Токму Весна Змијанац била личноста која на неговите најблиски јавила дека тој е жив.

-На почетокот на војната загина еден сосед кој се викаше Дино и бргу се рашири веста дека јас сум загинал. Мојата сопруга и децата во тој период беа бегалци. Тогаш мајката на Весна, на нејзина молба исконтактирала преку телефон и и’ јавила на мојата сопруга дека сум жив. Ете, таква е таа  – раскажа Мерлин во едно телевизиско гостување.

За потсетување, на концертот кој Мерлин го одржа во ноември 2011. година, тој и Весна пред публиката повторно го испеаја нивниот прв дует, бидејќи Весна беше специјален гостин на гламурозниот настан.

 

Извор: republika.rs