Ве молам, запрете ја оваа болка: Манекенката Криси Тајген се огласи од болница – ММС
ММС

Објавено на: 02/6/21 4:15 PM

Ве молам, запрете ја оваа болка: Манекенката Криси Тајген се огласи од болница

Поранешната манекенка Криси Тајген сподели на социјалните мрежи дека била на операција поради ендометриоза – хронична болест која се јавува кога ткивото неправилно расте надвор од матката.

Операција на ендометриоза. Ве молам, сопрете ја оваа болка – напиша Тајген под фотографијата што ја објави од болничкиот кревет. Ден по операцијата таа е пуштена на домашна нега и сега е опкружена со своето семејство, кое и’ е неизмерно важно бидејќи во овој период таа требаше да го роди своето дете кое за жал, го загуби во септември ланската година.

Сопругата на музичарот, Џон Леџенд напиша и посвета за својот син откако се врати од операција.

-Ова е фотографија од снимањето на спотот за песната Wild во Мексико. Бев во десеттата недела од бременоста и летав од среќа. Помислив колку е убав и необичен ваквиот начин на споделување на веста за приновата. Никогаш не можев да замислам што ќе се случи. Не сум сигурна дека  ќе можам да го гледам овој спот без да плачам, но се надевам дека тој ги чувствува моите солзи и знае дека ни недостасува. Сега би бил овде, јас би го држела и би разговарала со него.

Овој месец е груб потсетник и да бидам искрена, мислев дека најлошото поминало, но претпоставувам дека животот и емоциите немаат распоред на однесување. Ве сакам и благодарна сум на вашата поддршка. Те сакам Џек. Толку многу ми недостасуваш – напиша триесет и петгодишната убавица во објавата, која ја посвети на синот Џек, кој го загуби во дваесеттата недела од бременоста.

 

Извор:        vecernji.hr