Директорот на Заводот за статистика Апостол Симовски вчера зборуваше детално околу пописот, односно, за бројот на прашањата, начинот на попишување на дијаспората, пописните комисии и други прашања.
Но, директорот на ДЗС како и владата на Заев сеуште одбиваат да одговорат на клучното прашање – дали Македонците во графата за национална припадност ќе се запишат како Македонец/Македонка или ќе има описна додавка.
Единствена Македонија го упати ова прашање до власта во Скопје уште на 16 јануари, но, одговор нема.
Апелираме власта да се вразуми и да го одложи пописот и да го измени Законот за попис за кој власта и понатаму лаже дека е усогласен со пописното законодавство во ЕУ. Клучните одредби на Законот се во спротивност со пописниот модел во земјите членки на ЕУ за што постои изјава доставена до ЕУ од 25 декември лани од страна на министерот за правда Бојан Маричиќ и директорот на ДЗС.
Единствена Македонија нема да прифати уште еден фалсификуван попис, тоа не им го прифаќа и македонскиот народ заради што ќе има кампања против пописот.
Центар за комуникации на Единствена Македонија