Не сум била школска другарка со Шекеринска, а немам ни посебни релации ни со неа ни со Заев, одговори претседателката на ДКСК Билјана Ивановска во денешната емисија „Стадион“ на „Канал 77“, откако беше прашана колку навистина е блиска со Радмила Шекеринска.
– Јас немам никакви релации, ниту со Заев ниту со Шекеринска. Службено – да, но приватно, повторувам, немам никакви релации – рече Ивановска.