Онаму каде што не функционира системот, царува корупцијата: Билјана Ивановска во денешниот „Стадион“(видео) – ММС
ММС

Објавено на: 02/6/21 11:04 AM

Онаму каде што не функционира системот, царува корупцијата: Билјана Ивановска во денешниот „Стадион“(видео)

Секаде каде што не функционира системот, останува простор за корупцијата, рече претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Билјана Ивановска, во денешната емисија “Стадион“ на “Канал 77“, зборувајќи за состојбите, откако деновиве беше објавен нов пад на Македонија  на скалата за перцепција на корупцијата.

– Перцепцијата ја кажува првиот, во случајот Владата. Таа е прва во државата, огледало на сите. И таа, на пример, треба да каже:„Да, ние веќе не вработуваме по принципот на непотизам, не вработуваме врз основа на партиска активност, не поставуваме в.д. директори, раководни лица по партиски список“. Ако ги поставите така, тие не одговараат таму каде што треба, туку во партијата, па станува каша-попара – истакна Ивановска.