Сочна пита со крем од ванила и гриз – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/21 9:08 PM

Сочна пита со крем од ванила и гриз

Мирисот на ванила му дава посебен вкус на секој десерт, а љубителите на слатките работи сигурно нема да може да и’ одолеат на питата со крем од ванила и гриз, за која рецептот ви го претставуваме во продолжение. Освен што е вкусна, оваа мита не бара некоја голема умешност во кујната, а и намирниците за подготовка не се скапи.

Потребни намирници:

500 грама тенки кори за пита

Фил за премачкување:

3 јајца

3 супени лажици шеќер

200 мл масло

200 мл јогурт

100 грама гриз

1 прашок за печиво

Фил од пудинг:

1 литар млеко

3 ќесички пудинг од ванила

9 супени лажици шеќер

За декорирање:

Шеќер во прав

Подготовка:

Сипете го млекото во тенџере, додајте ги деветте лажици шеќер и ставете го да се вари. Кога ќе почне да врие, додајте го прашокот за пудинг од ванила и гответе додека не ја добие соодветната густина.

Вклучете ја рерната од шпоретот на 180 степени, а во меѓувреме савете хартија за печење во тепсијата во која планирате да го правите десертот.

Изматете 3 јајца, 3 лажички шеќер, масло, јогурт, гриз и прашок за печиво. Земете една гора, премачкајте ја со овој фил. Потоа ставете друга кора и повторно премачкајте со филот. Постапката повторете ја и со третата коса, а кога ќе ја ставите четвртата, нанесете од изладениот пудинг од ванила по краевите на корите.

Ова повторете го со сите кори и врз последната попрскајте со масло. Питата печете ја во загреана рерна, се додека не зарумени. Оставете ја да отстои неколку часа, па исечете ја на парчиња. Врз нив наросете шеќер во прав и послужете ги.

На здравје!

 

Извор:  telegraf.rs

Фото: Илустрација – Freepik