Израелците успешно ја завршија првата фаза од тестирањето на иновативниот лек против коронавирусот – соопшти Министерството за надворешни работи на Израел. Лекот познат под името “EXO-CD24 се применува така што пациентот директно го вдишува на неколку минути еднаш дневно во период од пет дена и на тој начин се прекинува таканаречената „цитоксинска бура“ која ја предизвикува коронавирусот.
Имено, „цитоксинската бура“ е опасна за организмот бидејќи претставува воспалителен процес кој може да биде предизвикан од вируси, бактерии, но и од автоимуни заболувања. Од 30 пациенти кои биле во умерена до тешка состојба, 29 излегле од болница за 3 до 5 дена. Последниот пациент исто така успеал да закрепне, но за тоа му бил потребен подолг период. Коронавирусот предизвикува симптоми во две клучни фази. Првата фаза предизвикува симптоми слични на грип и не бара некои посебно лечење. Другата фаза се јавува кај 5-7 проценти од пациентите, кои вообичаено спаѓаат во ризичните категории. И покрај големите напори, досега ниту еден лек не се покажа како ефикасен – се наведува во соопштението.
Дури и да не се појават нови мутации, дури и вакцините да си го одработат својот дел од задачата, коронавирусот на еден или на друг начин ќе остане со нас. Поради тоа го развивме овој единствен лек EXO-CD24. Поминаа околу шест месеци од моментот кога го направивме концептот за овој лек – истакна професорот Надир Арбер, кој е еден од најистакнатите лекари и истражувачи кои работеа на овој лек.
Лекот е развиен во неговата лабараторија во Тел Авив и е наменет за пациентите кои се во умерена до критична состојба, за да се спречи евентуално влошување.
Извор: alo.rs