(ФОТО) Скапо потстрижување: Напаѓачот на Њукасл казнет поради прекршување на мерките во карантинот – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/21 7:56 PM

(ФОТО) Скапо потстрижување: Напаѓачот на Њукасл казнет поради прекршување на мерките во карантинот

Фудбалерот на Њукасл кој ионака не е омилен помеѓу фан-базата на црно-белите, одењето на фризер во време на карантинот во Англија ќе го чини повеќе од вообичаено.

На полицијата во Њукасл воопшто не му е грижа за тоа дека Џоелинтон е најскапото засилување во историјата на клубот. Закон си е закон и поради тоа Бразилецот ќе мора да плати казна од 200 фунти, пренесува „BBC“

За време на „целосното затворање“ во земјата, Џоелинтон го посетил фризерот Том Бакстер, прекршувајќи ги строгите мерки и ставајќи го на „тапет“ својот матичен клуб. Да биде ситуацијата уште полоша, некогашниот шпиц на Хофенхајм на социјалните мрежи ставил фотографија од моментот на потстрижување и секако, новиот имиџ.

Ех, барем малку повеќе да мислеше на фудбалот отколку на новата фризура, каде ќе му беше крајот на Њукасл?

 

 

 

Фото:

Twitter