Новите рестрикции што ги вовела Франција за лица што не се дел од Европската Унија (задолжителен карантин при пристигнување) повторно го одложија мечот помеѓу ПСЖ и Вардар во Лигата на Шампионите.
Од ЕХФ го информирале скопскиот клуб за новините кои уште еднаш ќе бидат пречка за одигрување на дуелот на старите познаници во најквалитетното ракометно натпреварување.
-Натпреварот меѓу ПСЖ и Вардар 1961 закажан за 9 февруари 2021 е одложен и ќе се игра во друг термин. Канцеларијата на ЕХФ го информираше Вардар дека од Француската ракометна федерација добиле известување за нови рестрикиции што ги вовела државата за лицата што не се од Европска Унија (задолжителен карантин при пристигнување). Новите правила се на сила до неодреден датум и поради тоа нема шанси да се одигра натпреварот од ЕХФ лигата на шампионите во Франција, соопштија од РК Вардар 1961 на својата „Фејсбук“ страница.
Средбата беше закажана за 9 февруари 2021 година во 18:45 часот. ЕХФ и клубовите ќе се договорат за нов можен датум за одигрување на натпреварот.