Џенифер Анистон и Бред Пит се запознале во 1998 година, а набрзо станаа и еден од омилените холивудски парови. После само пет месеци врска Бред ја запросил Џенифер, а се венчаа во 2000 година на раскошна тајна венчавка.
Се до 2005 година кога Бред го снимаше филмот „Господин и Госпоѓа Смит“ со фаталната Анџелина Џоли. Набрзо ја остави Џенифер, за што многуте обожаватели му замерија. Се зборуваше дека Бред сакал да се смири и да има деца. Анџелина Џоли и Бред Пит заедно имаат шест деца (три посвоени), а бракот се распадна во 2016 година.
Од тогаш се зборува за помирување на Бред и Џенифер, а нивните фанови постојано го пратат секој нивен чекор за да пронајдат и најмал доказ за нивната врска.
— pensador (@sakriosamime) February 5, 2021
Џенифер Анистон на Инстаграм објави селфи фотографија, а обожавателите се уверени дека доказот за нивната врска се крие во позадината на фотографијата. Актерката споделила фотографија позади камерите на снимањето на една емисија, а обожавателите тврдат дека тоа е истото место на кое Пит снима нов филм, поради што се уверени дека Бред и Џенифер го поминуваат времето заедно.
Анистон објавила селфи од просторијата за шминкање, а позади неа на креветот лежи маж за кој сите зборуваат. Еден таблоид објави дека добиле информација како актерката и нејзиниот поранешен сопруг се на истото снимање и дека се блиски како никогаш порано.
„Кружат гласини дека Бред доста време поминува со Џенифер“, пишува во написите на таблоидот.
Извор и фото: srbijadanas.com