Тажна е сликата на скопското Кале кое некогаш важеше за убаво градско место за одмор и рекреација на граѓаните.
ММС го посети овој историски локалитет и според фотографиите кои ги направивме сведоци сме на пусто и напуштено место со ѓубре, насекаде чкртаници, тревата не е обновена, ниту, апк, сувата надрасната е искосена.
На локалитетот има објект кој требаше да биде црква, а сега е вистинска руина која доонително го ужаснува скопското Кале.
Скопското Кале е под надлежност на општината Гази Баба, па оттаму и ММС побара одговори на неколку прашања, но за сега се уште немаме добиено одговор од надлежните во општината.
Погледнете ја галеријата од сегашниот изглед на скопското Кале…
Фото: Вангел Тануровски