Запрете ја оваа болка: Криси Тајген повторно оди на операција – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/21 9:45 AM

Запрете ја оваа болка: Криси Тајген повторно оди на операција

За Криси Тајген, сопругата на пејчот Џон Леџенд, оваа операција е посебно тешка бидејќи се поклопила со неделата во која требело да се породи, но синот Џек го изгуби во 20-тата недела од бременоста.

Поранешната манекенка објави на Инстаграм дека оди на операција поради ендометриоза.

„Операција на ендометриоза. Ве молам, сопрете ја оваа болка“, напиша Криси.

Криси не е првата јавна личност која јавно прозборе за оваа болест со која се борат многу жени.
Пејачката Холси во 2018 година откри како поради ендометриоза среде концерт имала спонтан абортус.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by halsey (@iamhalsey)

Поради ова болест на операција била и поранешната Мис Свет 2012, Оливија Кулпо.

„Ендометриоза е состојба во која ткивото од слузницата на матката расте во други случајни делови од вашето тело, предизвикувајќи болка. Тоа може да ја попречи плодноста и целокупното здравје, а влијае и на тоа како човек се чувствува. Покрај се, неверојатно е болно, а не е возможно да се открие на ултразвук, освен на јајниците ако нема ендометриоза, како што имав јас. Со години бев во агонија кога добивав менструација и безброј пати лекарите ми даваа погрешна дијагноза“, напишала тогаш таа, и нагласила дека болните менструации не се нормални.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Culpo (@oliviaculpo)

„Болните менструации не се нормални!. Кај секој кој има ендометриоза ја разбирам депресијата и осаменоста кои може да се појават поради болките, кои често другите луѓе не ги разбираат. Тешко е кога хроничната болка не е потврдена, па не добивате одговор, а ни разбирање. Поради својата „ендо воини“ ќе продолжам да ја ширам свеста за ендометриозата, за вашите симптоми бидат потврдени. Не сте сами и многу сте силни“, порача Оливија.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia Culpo (@oliviaculpo)

Актерката Лина Данам после долгогодишна борба со ендометриоза се одлучила на хируршко отстранување на матката.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lena Dunham (@lenadunham)