Време: Денеска сончево, до +20 степени, слично и за викендот – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/21 6:59 AM

Време: Денеска сончево, до +20 степени, слично и за викендот

Сончево со умерена облачност и со максимална температура до 20 степени. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.

До недела ќе се задржи стабилно и топло време со натпросечни дневни температури што ќе предизвика топење на снежната покривка на планините. По котлините во утринските и раните претпладневни часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Под влијание на влажен бран, в понеделник ќе преовладува променливо облачно време со врнежи од дожд, на места поројни проследени со засилен јужен ветер. Повремени локални врнежи од дожд ќе има и в среда.