Никој не може да ги намести бројките на пописот, тоа е изговор на опозицијата, изјави Велковски – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/21 10:01 PM

Никој не може да ги намести бројките на пописот, тоа е изговор на опозицијата, изјави Велковски

Попис ќе има во април, од први до 21-ви. Ние како држава сме единствени кои две децении немаме попис. Пописот не е потребен само да видиме колку сме, туку за регионален развој на државата, зошто се иселуваат младите, изјави пратеникот на СДСМ, Диме Велковски, на телевизија Алсат.

Истакна дека пописот ќе биде комбиниран, и со дата базите на институциите и со теренско попишување, додавајќи оти ова не е политичка операција.

-Ова не е политичка операција, како што ја преставува опозицијата, тоа не ни може некој да го договори, мислам на бројот на население, рече Велковски, додавајќи дека од земјава заминуваат сите етнички групи, па пописот би требало да ги олесни развојните политики и да ги насочи онаму каде што се најпотребни.

-Младите се иселуваат одамна. Од кај нас заминуваат и Македонци и Албанци. Потребна ни е образовната структура која е важна за бизнисот, локално е важно дали населението старее, ние немаме попис на куќи и станбени единици, значи многу аспекти ќе ни одговори пописот. Оваа статистичка операција започна да се дебатира пред две години, имаме и прифатени предлози на опозицијата. ВМРО ДПМНЕ пред две години го понуди предлогот да биде 2021 година, рече Велковски.