Јанис, Јокиќ и Дончиќ помеѓу лидерите во гласањето за претстојниот Ол-Стар меч – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/21 9:00 PM

Јанис, Јокиќ и Дончиќ помеѓу лидерите во гласањето за претстојниот Ол-Стар меч

НБА денес ги објави првичните резултати од гласањето на фановите за претстојниот Ол-Стар натпревар. Европските играчи кои воедно се и едни од главните ѕвезди во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување, уште еднаш ги собираат симпатиите од кошаркарскиот свет.

Грчкиот центар Јанис Адетокумбо на свое конто има 1,752,185 гласови и се наоѓа на втората позиција во Источната конференција позади Леброн Џејмс и Кевин Дурант. Поранешниот кошаркар на Мега, Никола Јокиќ го држи шестото место со 1,477, 975 гласови, додека пак словенечкот репрезентативец Лука Донќиќ е на седмото место севкупно со 1,395, 718 освоени гласови.

Овогодинешниот Ол-Стар викенд ќе се одржи во Индијанаполис, Индијана, од 12-14 февруари.

 

 

 

 

Фото:

nba.com

eurohoops.net