Руската вакцина може да се спореди со лансирањето на првиот сателит во вселената – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/21 8:59 PM

Руската вакцина може да се спореди со лансирањето на првиот сателит во вселената

Русија го изненади Западот со вакцината против коронавирусот Sputnik V, како што СССР го изненади со лансирањето на првиот сателит во вселената во 1957. година – пишува германскиот весник Велт. Весникот наведува дека е потребно да се обрне внимание на публиката за руската вакцина која ја објави медицинското списание Лансет, што ја докажува високата ефикасност на вакцината. Имено, списанието ги објави резултатите од третата фаза на клиничкото испитување со што се потврди ефикасноста и сигурноста на вакцината, која покажа ниво на ефикасност од 91,6 проценти. Научниците дојдоа до заклучок дека вакцината обезбедува заштита при тешки случаи на ковид-19.

Светската здравствена организација (СЗО) го поздравува објавувањето на резултатите за руската вакцината. Претставничка во СЗО во Русија Мелита Вујновиќ изјави дека публиката во Лансет говори за ефиканоста на вакцината.

Вакцината Sputnik V која ја произведува Научно-истражувачкиот институт Гамалеја доби потврда за регистрација од  Министерството за здравство на Русија на 11. август и стана првата регистриран вакцина против коронавирусот во светот.

 

Фото: Facebook / Sputnik V

Извор:            rs-lat.sputniknews.com