Ајакс ја „утна“ со Халер, сега ќе бара милост од УЕФА: Холанѓаните заборавија на најскапото засилување – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/21 7:48 PM

Ајакс ја „утна“ со Халер, сега ќе бара милост од УЕФА: Холанѓаните заборавија на најскапото засилување

Ајакс заборави на најскапото засилување во историјата на клубот и не го пријави на списокот за нокаут фазата од Европа Лига. Верувале или не, ова се случува и во топ тимовите низ Европа. И ова исто така се случува надвор од „Football Manager“ светот.

Зимава клубот од Амстердам го доведе Себастијан Халер од редовите на Вест Хем и за неговите услуги на „чеканџиите“ им исплати 23 милиони евра. Со тоа некогашниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт стана најскапиот трансфер во долгогодишната историја на трофејниот светски гигант.

Бидејќи во последните 24 часа Ајакс е предмет на потсмев во фудбалската јавност, од таму вината ја бараат во УЕФА и во оној кој всушност го примил списокот, додека холандските медиуми тврдат дека грешката е направена во администрацијата на клубот.

-Себастијан Халер е е на списокот, тоа е вистина. Се обидуваме да откриеме за што точно се работи. Ја контакриавме УЕФА и фудбалскиот сојуз на Холандија и немаме засега прецизен одговор зошто тој не е на списокот за Европа лига, изјави клупскиот портпарол, Миел Брингајс.

Ајакс, со Халер или без него, походот во Европа го започнува на 18 февруари против Лил во рамките на 1/16 финалето на Европа Лига.

 

 

 

Фото:

eurosport.com