Новата повреда го втурна Хазард во депресија, Зидан му дал слободни денови на Белгиецот – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/21 6:43 PM

Новата повреда го втурна Хазард во депресија, Зидан му дал слободни денови на Белгиецот

Остварувањето на животниот сон на Еден Хазард да заигра во омилениот Реал Мадрид се случи минатото лето. Оттогаш до денес, Белгиецот многу малку е на теренот. Фортуната во однос на повредите што го следеше низ кариерата во Лил и Челзи, во дресот на „кралевите“ целосно го напушти.

Напаѓачот на мадриѓани има повеќе повреди за тимот предводен од Зинедин Зидан, со последната вкупно десет, отколку погодоци во Примера, вкупно девет. Кога се чинеше дека Хазард конечно ќе почне да го покажува она за кое беше платен – мускулна повреда.

Вчера од клубот објавија дека Хазард нема да биде во конкуренција во следниот период, а белгиските медиуми пренесоа дека тој ќе отсуствува минимум четири недели. Оваа повреда освен импактот врз составот и тактичките замисли на францускиот стратег, во голема мера оставила траг и врз психичката состојба на самиот Хазард.

Мадридските медиуми јавуваат дека повредата го втурнала Хазард во депресија и белгискиот репрезентативец по нивните зборови бил „ментално уништен“. Поради тоа Зидан му дал неколку слободни денови за поминување време со најтесното семејство.

Покрај тоа, повредата на некогашниот освојувач на Ligue 1 со Лил ископа и нови ровови. Лекарскиот тим на селекцијата на Белгија го обвинил лекарскиот тим на Реал Мадрид поради нестручност и непотребно и прерано форсирање на Хазард во првиот тим, иако здравствената ситуација го налагала спротивното.