Тетовската полиција го приведе и спроведе во затвор за издржување на четиригодишна казна, 47 годишниот Л. Д. од селото Гајре. Тој бил приведен околу 12 часот и 45 минути на улицата „Вонвардарска”.
-Со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово го привеле Л. Д. (47) од тетовско Гајре, осуден на 4-годишна затворска казна за сторено кривично дело „убиство”, кој издржувал мерка куќен притвор. Спроведен е во Казнено-поправната установа “Затвор Тетово” за издржување на затворската казна, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Лицето е осудено за убиство случено пред нецели три години пред угостителски објект во близина на болницата во Тетово.