Меланија и Доналд Трамп се грнче и капаче – Нивна пријателка откри дека и двајцата се исти – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/21 10:50 PM

Меланија и Доналд Трамп се грнче и капаче – Нивна пријателка откри дека и двајцата се исти

Иако се шпекулираше дека бракот на Меланија и Доналд Трамп е пред распаѓање, сега се појави извор кој тврди дека нивната врска е всушност многу блиска и хармонична.

Јавноста неколку пати беше сведок на непријатни ситуации меѓу двојката Трамп, на пример како Меланија имаше присилна насмевка, чудните гримаси или моментот кога таа не сакаше да го фати за рака својот сопруг, но нејзината поранешена советничка и пријателка Стефани Винстон Волфоф изјаи дека поранешната прва дама добро знаела за кого се мажи.

„Трамп е Трамп“, рече Стефани како гостинка во Холивуд Лајф, тврдејќи дека без оглед на сè, секој член на семејството Трамп е исто подмолен и себичен исто како и главата на семејството Доналд.

– Мислев дека Меланија е поинаква. Меѓутоа не е, но и верував, како што луѓето веруваа во Доналд во тоа што тој постојано им го говореше. Морав на потежок начин да научам дека и таа е Трамп, открила Стефани и од прва рака раскажа детали за нивниот однос и додаде како сликата пред јавноста за нив всушност била погрешна.

– Постои тоа посебно разбирање меѓу нив, и начинот на кој ги гледаат работите. Верувам дека тоа е нивниот начин на покажување почит и разбрање, па така тие порачуваат дека се прекрасни и убави. Бев еднаш со неа во автомобил кога се враќавме од Њујорк во Вашингтон, а Доналд беше на некој собир. Секогаш таа беше  прва која ќе ја побара на телефон, без оглед на тоа каде се наоѓаа. И прво што ја прашува  е нејзиното мислење и впечаток кој го оставил по појавувањето во јавноста. Како да сакаше да добие нејзино одобрување. Не го сфаќав тогаш така , но кога ќе го видите нивниот контакт со очите, начинот на заведувањата, тоа се кажува, заклучила таа.

Затоа според неа тврдењата дека Меланија е заробена во несреќен брак или дека планира да се разведе од Доналд сега кога повеќе не е претседател на САД, ни малку не држи вода.

– За се разговраат отворено, но стратешки. Нема вриштење, викање, борба, барем јас на такво нешто не сум присуствувала. Во нивниот однос за се постои стратегија. Тоа не е само трансакциски брак, тоа е брак во кој е се испланирално. Тие си ја знаат својата цел за се што прават. Можеби тоа е тешко да се поверува, но така е, изјавила Стефани.

Таа и Меланија биле соработнички и најдобри пријателки цели 15 години, а таа откако ја напуштила Беата куќа и неа, ја напишала книгата „Меланија и јас: Подем и пад на моето пријателство со првата дама“.

 

Извор и фото: Курир.рс