Босанскиот музичар Хари Мата Хари во интервју за Курир.рс открива како се запознал со нашиот претседател Стево Пендаровски.
Пејачот беше прашан за војничите денови,па Хари откри интересни детали за кои до сега никој не ги знаел:
-Армијата беше чест. Една година пред да се формира групата, јас заминав во војска. Служев воен рок во музичката единица во Ниш. Пред скоро една година, бев во Охрид, каде што имав концерт и го запознав сегашниот претседател на Македонија. Тој ми рече дека сме делеле заедно кревет. Едвај се сетив на тоа. Се вели дека војничките денови се најважни за момчето да порасне. Служев во артилерија. Не ме тераа да одам, јас заминав доброволно – тогаш тоа беше чест. Некои ја избегнуваа војската, а тогаш беше Југославија. До 1992 година, ЈНА беше длабоко почитувана и почитувано беше самото одење во војска, рекол Хари Мата Хари во интервјуто за Курир-рс.
Исто така тој во интервјуто раскажа интересната случка која се случила на денот на неговот раѓање.
– На свет сум дошол на 16. јанари 1961 година како второ дете од татко Рефик, механичар, и мајка Злата која работела како благајник. Најинтересно случување во моето детство е врзано со моето раѓање бидејќи татко ми ме украл од болница. Во Сараево таа година имало многу силна зима. Новородените деца масовно почнувале да умираат бидејќи немало греење во болниците. Татко ми и носел портокали на мајка ми , а мене буквално ме ставил во кеса и ме однел бидејќи стравувал да не умрам од ладно. Така да пристигнав во топлиот дом на интересен начин, додал пејачот.
Извор и фото: Курир.рс