За Подгорица да заличи на светските метрополи, управата на главниот град на Црна Гора неодамна издаде согласност за монтирање панорамско тркало, кое веќе од следната седмица ќе биде во функција, пишува „Новости“.
Од градската урава се пофалија со овој проект, иако се работи за милионска инвестиција на приватна компанија, која го закупи земјиштето и која ќе собира пари од атракцијата.
Граѓаните и посетителите на Подгорица првпат ќе бидат во можност да ја набљудуваат околината од 40 метри високото панорамско тркало, највисоко во овој дел на Европа.
Мислиењата на граѓаните и политичарите се поделени. Едни се задоволни, други ја оспоруваат локацијата, некои инвестицијата, други дали во време на пандемија треба да се отвора…