Мафијата ги забрани сирените на амбулантните возила во Неапол: „Мислиме дека сте полиција, не’ збунувате!“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/21 11:08 AM

Мафијата ги забрани сирените на амбулантните возила во Неапол: „Мислиме дека сте полиција, не’ збунувате!“

Италијанската мафија им нареди на возачите на возилата за итна помош во Неапол да престанат да ги користат сирените и ротациските светла зашто ги збунувале дилерите.

Колку и ова да звучи трагикомично, дефинитивно се случува, а несреќните возачи на амбулантни возила се исплашени за своите животи зашто често им се заканувале со смрт ако криминалците ги „фатат“ со вклучени сирени додека брзаат да спасат нечиј живот.

Локалните кланови не ги сакаат сирените и ротациските светла на амбулантните возила бидејќи ги вознемируваат дилерите на дрога кои својата „работа“ ја вршат на улица, па помислуваат дека се работи за полиција и во тој момент мора да прекинат со „бизнисот“, а целата збрка им ги плашела и муштериите!

Возачите во итната помош бараат заштита од полицијата за локалната мафија да престане да ги малтретира.

„Веќе ни’ е наредено да не ги користиме сирените во многу општини во Неапол, вклучувајќи ги и Санита и Триано, каде што возилата на локалната Итна помош ги вклучуваат сирените дури кога ќе ги напуштат тие подрачја“, изјави лекар од Итната помош за „The Times“, пренесува „Мондо“.