Почина првиот пациент заразен со корона вирус во Британија – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/21 10:20 AM

Почина првиот пациент заразен со корона вирус во Британија

Дваесет и шет годишниот Конор Елис Рид, бил пронајден мртов во неговата соба во октомври 2020 година. Рид се зарази со корона вирусот во ноември 2019 година, додека беше во Вухан. Се смета дека тој е првиот Британец кој беше заразен со корона вирус.

Според британски „Mirror“, дваесет и шест годишниот студент на кинески јазик бил пронајден мртов во неговата соба во октомври 2020 година. Рид се заразил со вирусот во ноември 2019 година додека живеел и работел како наставник во училиште во Вухан. Тој бил пронајден мртов една година подоцна. Британците пишуваат дека тој починал од предозирање.

Тој водел дневник додека бил заразен во епицентарот на корона вирусот, наведувајќи ги неговите симптоми и споделувајќи го своето искуство со овој неславен вирус. Тој опиша како неговата состојба била проблематична во првите 10 дена, и сè се влошило на 12-тиот ден.

– Мислев дека проблематичниот период помина, но дури тогаш започна кошмарот. Дишев тешко, морав да одам во тоалет цело време. Се потев и треперев. Мислев дека е тоа, дека нема враќање – напишал Рид во својот дневник.

По 24 дена, болеста стивна и Рид помислил дека успешно го надминал неславниот вирус. Но, една година подоцна го пронајдоа мртов во нивната соба.

Преземено од: https://www.24sata.hr/
Фотографија: Facebook/Canva