Во рамките на второто коло од четвртата квалификациска група за Европското првенство во футсал, македонските футсалери изиграа нерешено со стариот познаник Романија (2:2).
Храбрата игра на нашата селекција на крајот се исплатеше, откако Македонија успеа да остане со ладна глава во мечот и по пресвртот кој го приредија Романците, постигнувајќи израмнувачки и вреден бод погодок преку Дарко Ранготов.
Во 14-тата минута момците на Скендеровски го отворија резултатот, но радоста не траеше долго и гостите инстантно израмнија. Комплетното враќање од негатива Романија во вториот дел го оствари преку натурализираниот Рибеиро.
Македонија во оваа група има еден бод, исто колку и следниот опонент Србија. Втората позиција ја држи Романија, додека убедливо на врвот е зацементирана репрезентација на БиХ. На петти март на гостински терен, црвено-жолтите ќе се обидат да донесат цел плен од жешкото гостување.
Фото:
Facebook / ФФМ