Тренерот на Барнли, Шон Дајч, освен тоа што со години врши одлична работа во Премиер Лигата, одржувајќи го малиот клуб Ланкашир помеѓу елитата, ја забавува јавноста со несекојдневните обраќања и прес-конференции.
Па така просечниот фан ги знае сите концертни авантури на Дајч, неговата омилена храна, литература, места за излегување. За него ќе речат дека е ригиден, идентично како и стилот на игра на неговиот Барнли, но позади тоа „намуртено“ и „луто“ лице се крие една неверојатно интересна личност, подготвена за шега.
На последната прес-конференција во пресрет на дуелот против Манчестер Сити, кој во меѓувреме Барнли го загуби на домашен терен со 0:2, Дајч беше поприлично расположен и зборуваше за сè, освен за фудбал, Добро, малку и за фудбал.
Новинарското прашање дали Дајч е свесен за фактот дека наликува на пејачот на британската група „Simple Red“, доби свое контра-прашање од тренерот на Барнли.
-Необично е ова од ваша страна. Јас личам на Крис Еванс исто така. Ти благодарам на тоа што ме потсети дека навистина наликувам на Мик Хакнал. Овој прес е брилијатен затоа што е помалку досаден. Карантинот тешко ги погоди сите, досаден е. Ова е прилика да покажеме малку човечност, ме прашавте смешно прашање, дадов смешен одговор, рече Дајч.
Sean Dyche’s brilliant press conference set out to break the boredom, just having a chat about how much fun it is to play lookie-likeys when the pubs are open…😂pic.twitter.com/psGKRoyLBU
— Sky Sports Premier League (@SkySportsPL) February 3, 2021