Oвој човек нема среќа: Хазард повторно повреден, во Мадрид го губат трпението – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/21 8:00 PM

Oвој човек нема среќа: Хазард повторно повреден, во Мадрид го губат трпението

Седумте години поминати на „Стемфорд Бриџ“ за неверојатниот Белгиец беа перфектни. Хазард победуваше, освојуваше титули со Челзи и најважно – беше здрав.

Со трансферот во Реал Мадрид минатото лето, за Хазард дојдоа и повредите. Некогашниот играч на Лил „глава не крена“ од повреди кои го оддалечија од теренот и не му овозможија играчки континуитет под палка на Зинедин Зидан.

Од „кралскиот клуб“ соопштија дека овојпат се работи за мускуларна повреда која на Хазард ќе му донесе минимум нови четири недели гледање фудбал од трибините. Oткако е пристигнат на „Сантијаго Бернабеу“, белгискиот репрезентативец има повеќе повреди (10), отколку постигнати погодоци во Примера (9).

Според „Sporting Index“, од почетокот на сезоната 2019/20, Хазард има пропуштено вкупно 38 натпревари за Реал Мадрид, a колку за илустрација, за седум сезони во клубот од западен Лондон, напаѓачот пропуштил вкупо 19 меча.

 

 

 

Фото:

beinsports.com