На средбата, меѓу претседателот на Владата Заев и претседателот на Уставниот суд Мурати станало збор и за целосната поддршка која Владата ја пружа за јакнење на капацитетите и независноста на судските институции во сите инстанци, вклучително и независноста на Уставниот суд, како основен предуслов за владеење на правото и правната држава.
Двајцата соговорници на средбата се согласиле и за неопходноста од натамошно обезбедување на материјалната и финансиска самостојност на работењето на Уставниот суд и другите институции во правосудниот систем за целосното остварување на нивната независност согласно принципите за поделба на власта во општеството.
Заев и Мурати, како што стои во соопштението, се согласни дека Уставниот суд треба да продолжи да ги следи и практикува меѓународните стандарди и искуства кога е во прашање домашното уставно право.