Отпуштен поради добро дело: Ја донирал свежата храна која требало да се фрли – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/21 3:53 PM

Отпуштен поради добро дело: Ја донирал свежата храна која требало да се фрли

Факт е дека на дневно ниво. рестораните и франшизите за брза храна исфрлаат огромна количина на храна која може да биде искористена наместо отстранета како отпад.

Во случајот на 16 годишниот Брајан Џонстон, местото во кое работи има принцип по завршувањето на работното време да се исфрлат сите останати крофни, кафе и ледени чаеви.

 

Исфрлајќи секојдневно остатоци од свежа храна, Брајан се повеќе размислувал дека наместо да се фрлат, остатоците можат да бидат донирани на оние на кои им се најмногу потребни.

Еден ден, Брајан конечно собрал храброст да ги прекрши принципите на работење и ги донирал остатоците од храна на локалните бездомници.

@bryanjohnston_Reply to @cole_598 Let’s make 2021 a year of supporting our community ❤️ Tag a friend in the comments to spread the positivity 🙂 #fyp #Wee♬ Mr. Blue Sky – Electric Light Orchestra

По ваквиот херојски чекор, Брајан за жал добил отказ од работа. Но со храброто дело кое го направил Брајан бил решен да стопли многу срца, па дури и по цена на своето работно место.