Платил за мобилен телефон, добил пакет со две маски за телефон – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/21 2:57 PM

Платил за мобилен телефон, добил пакет со две маски за телефон

Маж од кочанско бил измамен од гевгеличанец со кој се договорил за 4000 денари по карго да му испрати мобилен телефон. Договорот бил да го добие телефонот откако ќе ги уплати парите во банка. Наместо телефон, оштетениот добил пакет во кој наместо телефон, добил две маски за телефон. За измамата пријавил во Полиција.

„На 2 февруари во 19.00 часот во полициската станица Кочани, 46 годишен маж од кочанско, пријавил дека од страна на лице кое се претставило како И.Т. од Гевгелија, бил доведен во заблуда дека доколку уплати 4.000 денари на сметка на К.Т., за возврат ќе му испрати по карго мобилен телефон. Откако пријавителот во банка ја уплатил наведената сума,  по карго му бил испратен пакет, но наместо телефон имало предемет со две маски од телефон“, информираат од Полицијата.

Се работи на расчистување на случајот.