Иако стапката на штедење на домаќинствата во Европската унија се намалила во третиот квартал од 2020 година и понатаму била за +4,5 проценти бода повеќе отколку пред една година, покажа извештајот на европскиот завод за статистика, Евростат за влијанието на Ковид-19 врз потрошувачката и заштедата на домаќинствата.
Главна причина за зголемувањето во однос на третиот квартал од 2019 година е што издвојувањето на средства за крајна потрошувачка и понатаму е 3,6% пониско во ЕУ отколку пред една година.
Бруто расположливиот доход на домаќинствата се опоравил и се зголемил за 1,5% во споредба со третиот квартал до 2019 година.
Споредено со истиот квартал од 2019, штедењето се зголемило во сите членки на Унијата, а најголем годишен раст е забележан во Холандија за 7,9% и Данска за 7,7%. Најмалку штеделе Португалија со нешто помалку од 2% и Франција со нешто повеќе од 2%.
Во Шпанија трошоците на домаќинствата опаднале за скоро 8,5% за период од една година, а ја следи Италија која бележи пад на потрошувачката од 7,4%.
Во поголемиот број на земји, меѓугодишниот пораст бил помал во оснос на претходниот квартал. Тоа е затоа што средства кои се издвојуваат за потрошувачката кошничка се опоравиле во однос на претходниот квартал, иако и понатаму биле пониски отколку пред една година во сите членки, освен во Полска (+3,8%) и Португалија (+0,2%).
извор: ec.europa.eu
фото: parkgrandpaddingtoncourt.co.uk, ec.europa.eu