Вежбањето на пониски температури согорува повеќе калории – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/21 11:27 AM

Вежбањето на пониски температури согорува повеќе калории

Студеното време е добар изговор за да се избегне трчање секој ден, но новото истражување сугерира дека вежбањето на пониски температури согорува повеќе маснотии, барем кога станува збор за пократки вежби со висок интензитет.

Студијата била спроведена на 11 гојазни волонтери на „умерена кондиција“ покажала дека оксидацијата на липидите, што е технички израз за согорување на маснотии, е трипати поголема кога вежбате на температура околу нула во споредба со вежбањето во „топлина“ или  „неутрална средина“ на околу 20 Целзиусови степени.

Сите волонтери поминале збир на стандардни вежби со висок интензитет во интервал (HIIT) на двете температури, односно вежба во која вежби со висок интензитет и релаксација се менуваат во пократки интервали.

„Ова е прва позната студија за испитување на влијанието на ниските температури врз акутниот метаболизам за време на интензивна интервална обука“, напишаа научниците од канадскиот универзитет „Лаурентијан“.

Но, досега не е утврдено дека вежбањето на студ има подолгорочен ефект врз забрзувањето на метаболизмот. Со оглед на тоа дека ова е студија спроведена на мал примерок од испитаници и со само неколку обуки за ХИИТ, рано е да се извлечат трајни заклучоци, но научниците се согласуваат дека ова е интересна почетна точка за истражување за тоа како температурата на околината може да влијае на согорувањето на калориите .

Познато е дека интензивните интервални вежби, независни од температурата, се многу ефикасни во согорувањето на маснотиите. Бидејќи вежбањето е клучно во намалувањето на ризикот од дијабетес, кардиоваскуларни и многу други болести, важно е да се знае што е можно повеќе за тоа што го прави вежбањето поефикасно и корисно, а што не, напишаа научниците. Студијата е објавена во Журнал за применета физиологија.

 

Извор: rs.n1info.com