Рускиот опозиционер Алексеј Навални осуден е на две години и седум месеци затвор, јавува руски „Спутник“.
Московскиот суд ја замени досегашната условна казна на Навални со казна затвор од три ипол години, но истовремено го зеде предвид и периодот на домашниот притвор на политичарот, па така казната сега ќе изнесува две години и седум месеци.
Оваа одлука сè уште не е стапена на сила, а Навални има 10 дена да поднесе жалба до судот.
На 17 јануари годинава Навални се врати од лекувањето во Германија во Русија и веднаш беше уапсен на аеродромот во Москва, поради ненавременото јавување на повиците од внатрешните органи.
Главниот повод за неговото лишување од слобода претставуваше кршењето на условната казна како осуденик во случајот „Ив Роше“, но исто така Навални усовно осуден бил и за случајот „Кировлес“ за проневера на повеќе од 16 милиони рубљи, пренесува „Спутник“.
Фото:
ft.co