Шест лица, од кои пет се деца, беа убиени денес во сојузната држава Оклахома, соопшти полицијата.
Според полициското соопштение, едно вооружено лице е приведено.
Пукањето било пријавено во полиција синоќа околу 1.30 часот по локално време во градот Маскоги, оддалечен околу 72 километри од Тулса, пренесува ABC News.
На местото на настанот, полицијата пронашла едно лице со пиштол, како и тела на маж и четири деца, пренесува Танјуг.
Петто дете починало во болница во Тулса.
Според полицијата, жена со опасни по живот повреди е пренесена во болницата.
Официјалните лица сè уште не го откриваат идентитетот на уапсеното лице, ниту пак објавија детали за убиените.
Преземено од: http://www.politika.rs/