Беровчанка и Беровчанец заработија кривични пријави поради ,,ширење на расистички и ксенофобичен“ материјал преку социјалната мрежа Фејзбук. И двајцата делото го извршиле на 11 јануари оваа година.
„Одделението за внатрешни работи Берово до Основното јавно обвинителство Берово поднесе кривична пријава против В.Н.(32) од Берово, поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по чл.394-г од Кривичниот законик. Пријавената на 11.01.2021 по пат на компјутерски систем, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавила ксенофобичен материјал, со кој поттикнала омраза, дискриминација или насилство“, информираат од СВР Штип.
Втората кривична пријава поднесена до ОЈО Берово се однесува за лицето Б.С.(39) од Берово.
„Пријавениот на 11.01.2021 по пат на компјутерски систем, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ објавил коментар на пост на фејсбук профилот на В.Н.(32) од Берово, со кој поттикнал омраза, дискриминација или насилство“, се додава во информацијата.