Дома убиец, во Бугарија тепач на жени – Уапсен Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски – ММС
ММС

Објавено на: 02/2/21 1:57 PM

Дома убиец, во Бугарија тепач на жени – Уапсен Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски

Софиската полиција  го приведе Игор Спасов, поранешен полицаец од Северна Македонија, 14 години осуден за убиство. Тој е уапсен во Софија,  во апартман на жена, во областа Младост, каде се криел. Полицијата добила сигнал дека тој се крие таму. Го уапсила вчера напладне и според БНР не опирал на апсењето.

Полицијата дознала за поранешниот полицаец во бегство, Спасов, осуден за убиство, од пријава за семејно насилство од жената со која живеел, информира БНР. Човекот влегол во Бугарија откако некое време живеел во Турција. Во моментов се утврдува кога и како Спасов влегол во земјата.

По пријавата за семејно насилство, полицијата открила дека човекот бил баран од Интерпол за убиство во 2011 година. Тогаш Игор Спасов на партиски митинг претепал момче кое подоцна починало.

Останува да се види дали жената што го пријавила знаела дека живее со баран човек за убиство од страна на Интерпол и Северна Македонија.

Се чека постапка за екстрадиција.

Извор: blitz.bg