Далматинец си го закопал под земја автомобилот за да прикрие сообраќајка – ММС
ММС

Објавено на: 02/2/21 12:27 PM

Далматинец си го закопал под земја автомобилот за да прикрие сообраќајка

По особраќајка на хрватскиот остров Хвар во која се здобил со тешки телесни повреди, 25-годишен маж на лекарите им рекол дека паднал на скали, но возилото, неколку дена подоцна, полицајците го нашле закопано во близина на местоѕо Врисник, пренесуваат хрватски медиуми.

Полициските службеници  на ПС-Хвар добиле информација дека на 25 јануари 25-годишен маж е пренесен во сплитската болница, а на лекарот му рекол дека паднал по скали. Полицајците го прегледале местото на наводното паѓање, при што се соочиле со многу нелогичности. Бидејќи и 25-годишникот од порано бил евидентиран како сторител на повеќе сообраќајни прекршоци, полицаајците продолжиле да собираат информации и да ја истражуваат можноста дека се работи за сообраќјка. Извршиле увид на повеќе патишта, при што на едно место наишле на трагови од кочење и делови од возило. Набрзо потоа, на 29 јануари, во шума во близина пронашле и поголем насип од свежа земја, а под неа и закопаното возило, пишува „Вечерњи лист“.

Полицијата утврдила дека 25-годишникот Никола Г. не ја приспособил брзината на условите на патот, при што предизвикал сообраќајка со материјална штета, а и управувал со возилото пред да му истече казната за забрана за управување, па против него ќе биде поднесен обвинителепон предлог. Полицијата ќе продолжи со истрагата за соучесниците на Никола во „погребувањето“ на неговиот автомобил („форд“) и прикривањето на траговите од местото на сообраќајката, пишува „Слободна Далмација“.