Министерството за внатрешни работи информира дека вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Е.А.(36), затоа што околу 20:20 часот извршил разбојништво во аптека на бул. „Видое Смилевски Бато”, при што со закана од вработената одзел сеф со пари.
-Веднаш по добиената пријава, преземени се мерки и активности и Е.А. бил приведен во полициската станица Аеродром заедно со одземените предмети. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.