Сообраќајот надвор од градовите зголемен, на ГП Богородица се чека 30-тина минути – ММС
ММС

Објавено на: 07/21/18 8:19 AM

Сообраќајот надвор од градовите зголемен, на ГП Богородица се чека 30-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, каде времето на чекање за излез од државата е до 30 минути – соопшти АМСМ.

Оттаму информираат дека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата, како и оти оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Во меѓувреме, на сила е времен режим за сообраќај во летниот период. за тешки товарни возила.

На државните патишта во Република Македонија за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури се забранува движење на возилата чија вкупна маса преминува 15 тони.

На магистралниот пат А2 делница Скопје-Охрид-Скопје за време на викендите се забранува движење на возила над 7,5 тони.