Утринава во 7 часот, според УХМР, насекаде во Македонија се измерени позитивни утрински температури. Најстудено било во Маврово со +1 степен, а најтопло во Дојран и во Демир Капија – осум степени. Во Скопје во 7 часот биле измерени четири степени.
Најмногу снег има на Попова Шапка – 57 сантиметри, а во Маврови Анови висината на снежната покривка е осум сантиметри.