Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека бројот на новозаразени со коронавирусот на глобално ниво се намалува веќе трета недела по ред.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, вчера на брифинг оцени дека новиот тренд покажува оти е можно да се контролира вирусот, иако се појавуваат нови видови, со примена на мерки како физичко растојание, покривање на лицето и со одржување хигиена.
Сепак, тој истакна дека не е време за опуштање.
– -И лани имаше моменти кога во речиси сите земји бројот на регистрирани случаи се намалуваше. Мерките за претпазливост беа олабавени, а потоа вирусот ќе продолжеше да беснее – рече Гебрејесус.